Несудениот инвеститор, кој му ги дал парите на Палевски, всушност биле за парцели кои ги поседувал во општина Центар, но никогаш општината не дала дозвола за градба. Сведокот Ламбе Бучков е сведок на обвинителството кој тврди дека Палевски му должи 15 илјади евра пари кои сведокот ги подигнал на кредит за да го подмири долгот на Палчо кај негов пријател.
Сведокот секој ден одел во седиштето на партијата да си ги бара парите од Палевски, а овој му ветувал дека ќе ги има до петок (01-12-2023).
Сведокот комуницирал со Палевски додека бил во Белград и Турција, му кажал дека ќе се врати наскоро бидејќи му дошла полиција во партијата и барале некое возило. Сведокот тврди дека Палевски имал неколку пиштоли, а Палчо му се жалел дека службите го следеле и му правеле опструкции.