Поранешниот премиер Зоран Заев на социјалните мрежи и го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО, посочувајќи дека македонската дипломатија денеска добива круна.
Ова е прво јавување на Заев во јавноста откако се појави видео на кое се гледа како се забавува со претседателот на СДС Венко Филипче во Дубаи, во присуство на Харис Џиновиќ.
"Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО е признание за нејзините професионалност, посветеност и визија за демократски и безбедни општества, но е признание и за сите наши домашни и меѓународни напори да обезбедиме мир, стабилност и интеграција со современиот демократски свет," напиша Заев.
Тој додава, "Ова е доказ дека<span> </span>Северна<span> </span>Македонија е исклучително важна членка на НАТО."