Министерот за
локална самоуправа Златко Перински потврди дека тој е еден од потенцијлалните
кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, но сепак додава дека
допрва ќе се утврдува кој ќе биде вистинскиот кандидат.
Да, точно е дека
моето име се врти како едно од потенцијалните имиња на можни кандидати за
градоначалник на град Скопје. Јас сум нависитина горд за ова, бидејќи
претставува предизвик и чест да го преставиш Скопје. Секако дека е еден
посакуван предизвик. Вие знаете дека ние како ВМРО-ДПМНЕ сме навистина голем
партија, и затоа сметам дека кој и да биде кандидат од нашата партија ќе биде
градоначалник на Скопје, рече тој за Лидери.мк
Додава дека
пристапот на партијата е аналитичкиот пристап.
Ќе видиме што ќе
каже аналитиката, односно анкетите, ќе го прашаме и членството и кој и да биде
кандидат-дали ќе бидам јас, или некој друг, мислам дека сите ќе се подржиме
едногласно меѓу себе и градот ќе го направиме многу поубаво место за живеење,
во споредба од тоа што е сега. До тогаш, верувајте, навистина имаме многу
предизвици во Министерството за локална самоуправа”, вели меѓу другото
министерот Перински.