Премиерот Христијан Мицкоски, по 24 часовен молк, соопшти дека и се јавил на Радмила
Шекеринска и го честитал именувањето за
заменик генерален секретар на НАТО.
„Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални
разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките,
идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни
политички семејства и опции.
Но, како влада
имавме предизвик за одлуката кого и како
да го поддржиме за заменик генерален
секретар на НАТО бидејќи иамше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква
дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со
опозицијата, а ако тоа не го правиме на дело а повикувате, тогаш тоа е
лицемерие. Затоа ние како влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила
Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас
националното единството и интересите на земјата се пред партиските интереси и
да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро
организираната алијанса во историјата е навистина чест, и тука немавме дилема и
добро е што успешно се заврши“, рече
Мицкоски.
Потоа тој соопшти дека уште вчера и се јавил по телефон и
најавил соработка.