Денеска ги
имав можеби најважните соговорници од моето неколку месечно претседателствување
со Владата, тоа се децата. Денес кога се одбележува светскиот ден на децата,
заедно со нашите партнери од УНИЦЕФ одржавме заедничка Влада каде дискутиравме
за положбата и правата на децата. Овој ден е посветен на подигнување на свеста
за правата на децата низ светот и на промоција на благосостојбата на
најмладите.
Ова го изјави
премиерот Христијан Мицкоски откако на владина седница денеска деца разговараа
со него и министрите за климатска и еколошка криза, напредни технологии и
демографски промени.
Светскиот
ден на детето е и потсетник дека треба да работиме заедно за да создадеме свет
во кој сите деца ќе имаат еднакви можности и ќе растат во средина која го
поттикнува нивниот развој и благосостојба.
Овој ден
има длабоки корени во историјата на човековите права. На овој датум во 1959
година, Обединетите Нации ја усвоија Декларацијата за правата на детето, а во
1989 година беше усвоена Конвенцијата за правата на детето – најшироко
ратификуван договор за човекови права во историјата. Овие документи не се само
правни рамки, туку и морален водич за тоа како треба да се однесуваме кон
нашите најмлади и најранливи членови на општеството.
Денес сме
тука за да ја потврдиме нашата заедничка обврска, секое дете има право на
грижа, образование, здравствена заштита и заштита од секоја форма на насилство
и злоупотреба.
Но,
зборовите на хартија не се доволни. Потребни се дела.
Нашата
мисија е да ги претвориме овие предизвици во можности за промени.
Инвестиции
во образованието;
Пристап до
здравствена заштита;
Заштита од
злоупотреба и насилство.
Ова е ден
кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските
организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа
борба. Затоа, нашата цел е:
Да
создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери
на утрешнината;
Да
поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за
најранливите;
Да ги
слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме
во процесите на донесување одлуки.
Нека овој
ден не биде само потсетник, туку и пресвртна точка., рече Мицкоски.