Маж и жена од Македонија денеска биле спасени од плажа во
мал залив каде што биле заглавени, а жената се лизнала и се повредила. По нивен
повик на единствениот број 112, албанската полиција организирала итна акција за
спасување на плажата Филикура кај Химара, која завршила успешно, а жената е
згрижена во болница.
На жената која се здобила со повреди од лизгањето и падот ѝ
била укажана прва помош и била транспортирана до градската болница. Според
информациите, таа е во добра состојба и нема здравствени проблеми.
„Полицијата гарантира дека е секогаш блиску до граѓаните и
посетителите, подготвена да понуди помош во секој случај. За секоја слична
ситуација граѓаните можат да се обратат на бесплатниот број 112“, објави
полицијата.
Тоа што неофицијално може да се дознае е дека на морскиот
брег имаше бура и можно е во обид да се извлечат од надоаѓачката вода, да се
случила повредата.