Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Лишен од слобода скопјанец поради криумчарење мигранти

14 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На 13.11.2024 околу 19.35 часот на автопатот Табановце – Куманово, во близина на с.Табановце, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода К.Н.(27) од Скопје, соопшти МВР.

На наведеното место, полициски службеници  сопреле возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегол К.Н. со осум лица мигранти од Сирија и се обидел да избега, но набргу бил фатен и лишен од слобода. К.Н. и возилото биле задржани во полициска станица, а по наредба на јавен обвинител, мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во Транзитниот центар Табановце. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од таму.  

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ