Членови на СДС, вклучувајќи го и лидерот Венко Филипче, координирано го поставија македонското знаме на своите Фејсбук профили како одговор на синоќешното дивеење по скопските улици по повод Денот на албанското знаме.
Во текот на денот министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека осум лица се уапсени по целовечерното сквернавење на македонските симболи низ главниот град и дека за нив ќе бидат покренати соодветни постапки.