Поранешната македонска министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска во Брисел беше избрана за Заменик генерален секретар на НАТО.
Ќе му биде заменичка на Марк Руте, кој од пред неколку месеци е на чело на Алијансата.
Информацијата ја потврди и НАТО со објава од Генералниот секретар Руте на официјалниот <a href="https://www.nato.int/cps/en/natohq/news_230683.htm">сајт</a> на Алијансата:
„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“.
Шеќеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година.
Таа ќе ја преземе својата функција до крајот на годината.