<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Сведокот Ламбе
Бучков, пријател на Љупчо Палевски – Палчо, изнесе детали за неговите разговори
со првообвинетиот и сомнителни активности поврзани со истрагата. Бучков раскажа
дека Палевски му се јавил од Турција и му рекол дека бил таму по работа, а претходно
се чуле и кога бил во Белград. Според него, Палевски му кажал дека го бара
полицијата и дека сакале да одземат некое возило.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Тој посочи дека
Палевски му наредил на Влатко Кекишев да им даде на инспекторите сè што
побараат, вклучително и возилото, и дека полицијата го барала пикапот, бидејќи
бил виден на местото на исчезнувањето на девојче. Бучков не знаел за кое
девојче станува збор.</span>
Во сведочењето, Бучков истакнал дека Палевски му должи
16.000 евра, кои до денес не му ги вратил. Тој исто така раскажал за разговори
со Палчо во кои му спомнал поседување оружје, иако Бучков никогаш не го видел.
Бучков објаснил дека по објавувањето на случајот доброволно
се јавил во полиција и понудил помош, но не добил одговор. На крајот, сведочеше
дека бил под постојан надзор и дека бил следен шест месеци.