Челниците на ДУИ на секаков начин иницираат други теми, за
да ја дефокусираат јавноста од нивниот криминал, рече ремиерот Христијан
Мицкоски во интервјуто за Радио Телевизија Косово.
Оние кои купуваа трговски центри, оние кои имаат милиони
евра во возен парк и оние кои не знаат што да прават со парите, сега тие се
вознемирени, не знаат како да го заштитат капиталот, а правдата е спора и се
доближува до нив. И сега се прават маченици, за кога ќе им тропне полицијата да
речат дека се апсат поради јазикот, а украле десетици милиони евра, рече
Мицкоски
За темата која ДУИ
ја наметнува за јазикот Мицкоски додаде дека никој во Македонија не е против
албанскиот јазик. Позицијата на Албанецот во неговата земја, вели тој, е
вештачка тема што поединци се обидуваат да ја наметнат.
„Верувајте ми,
ова не е загрижувачко, никој не е против албанскиот јазик. Напротив. Ова е
вештачка тема. Ова не е тема што некого инхибира или не инхибира, ова е тема
што сенките на минатото се обидуваат да наметнат затоа што немаат друга тема“,
рече Мицкоски.
Тој наведе дека
Законот за употреба на јазиците веќе пет години седи во фиоката на Уставниот
суд и дека токму во мандатот на неговата влада оваа тема повторно е на дневен
ред.
„Тоа е прашањето,
како овие исти уставни судии, кои беа изгласани од претходното мнозинство на
СДСМ и ДУИ, пет години го чуваа сето ова во фиока и сега одеднаш, кога дојде
нова влада, проевропска, реформска влада, оваа тема излезе на површина“,
истакна Мицкоски.