На 27 ноември минатата година целиот ден го барав на „Фејсбук“ за да ми го среди парното, поточно котелот, но ми рече дека е настинат. Дојде следниот ден, но не ми кажа каде бил претходниот, објасни на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведокот Ерол Османи, пријател на првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо.
- Ќе дојдам бе сабајле, одма сум подобар, како камион да ме згазил,<span> </span>му напишал Палевски на Османи на 27 ноември во вечерните часови.
Според сведокот, кај Палевски не забележал ништо невообичаено во однесувсњето кога дошол кај него дома. Но, забележал дека на<span> </span>возилото со кое дошол била удрена вратата од возачката страна.
- Никогаш не забележав да носи пиштол,<span> </span>рече сведокот.
Кога дошол кај пријателот Палчо го отворил редукторот и го поправил парното.
- Палчо дури и не ми зема пари за сработеното,<span> </span>се присети Османи.