Земјоделскиот комбинат Пелагонија е во лоша финансиска
состојба веќе подолго време, односно цели 4 месеци не може да ѓи исплати своите
обврски и е со блоќирана сметка.
Пред Основен суд Битола на 14.11.2024 година е поднесен
предлог за отварање на стечајна постапка на предлог на доверителот Бетон дооел
Штип, по кој е поведена постапка Ст.бр.152/24 и по кој постапува судијата
Татјана Митревска.
Со оглед дека комбинатот неспорно е неликвиден, неспособен
за плаќање, односно не е во состојба да ѓи измирува доспеаните обврски и е со
блокирана сметка повеќе од 45 дена, сосема е очекувано дека над истиот ќе биде
отворена стечајна постапка во најскоро време.