Во Македонија
функциониреаат повеќе индустриски зони, а ТИРЗ во Скопје иако најголема, сепак не
го држи приматот како индустриска зона со фабрика во неа со највисоки плати во
државата.
Магна Мирорс во
индустриската зона Струга, канадската компанија за производство на ретровизори
и поврзани системи, ги има најдоброплатените работници во споредба со сите
други странски инвеститори кои се поголеми вработувачи во
технолошко-индустриските развојни зони, пренесе Фактор.
Просечните нето
плати изнесуваат 62.800 денари, пресмета „Фактор“ со конвертирање на бруто
износите, повикувајќи се на извештајот од Дирекцијата за технолошко-индустриски
развојни зони, каде што задолжително секој инвеститор мора да ги внесе
податоците за поделените плати, во текот на 2023 „Магна Мирорс“ имала трошок од
882 милиони денари за исплата на 769 работници.
На второ место е Дура
Аутомотиве Стрекчерс во ТРИЗ Скопје 2, компанија која произведува напредни
технолошки системи за автомобилските брендови. минатата година во просек
исплаќала плата од 53.800 денари.
Потоа следуваат  Џонсон мети во ТИРЗ СКопје со 49.800 денари
плата, па Џојсон Сејфти Системс во Кичево со 42.400 денари плата, а првата
петорка се заокружува со Кемер Електроникс со 41.580 денари плата.
Потоа доаѓа Ван
Хол со 41.020 денари, Костал со 39.400, Аптив Сервис со 38.850 денеари, Адиент
Сеатинг со 37.400, Леар со 31.020, АРЦ Аутомотив со 30.090 и гентерм со 29.720
денари плата.
Најголем
вработувач од овие е Гентерм со 2.778 вработени, потоа Леар со 2.276 и на трето
место е Ван Хол со 1.625 вработени,