Доларот ќе биде
силен на долг временски период пред се поради плановите на новоизбраниот
американски претседател Доналд Трамп да воведе високи царини, изјавија денеска
стратезите на американската банкарска корпорација Голдман Сакс.
Американската
валута расте од крајот на септември, што имаше ефект на корекција на
долгогодишната позиција на њујоршката банка дека доларот постепено ќе паѓа од
својот врв, објави Блумберг.
„Веќе не очекуваме пообемна депрецијација на
доларот, бидејќи тој ќе биде посилен подолг период“, напиша тимот на Голдман.
Предвидувањата на
банката за изминатите две години беа дека американската валута ќе падне од
највисоките нивоа, но тоа беше спречено со растот на доларот за 2,4 отсто од
изборите на 5 ноември.
Блумберг
забележува дека американската валута ја заврши седмата по ред седмица на
добивки, што е најдолг период од февруари и е реакција на изборот на Трамп за
претседател и неговите планови да го зајакне доларот и да воведе повисоки
буџетски приходи.
Колку и да е оптимистички ставот на стратезите
во однос на доларот, сепак нивните предвидувања го гледаат под нивото од 2022
година.