Вредноста на
синдикалната минимална кошница за месец ноември 2024 година изнесува 62.021,00
денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од
60 квадрати за месец ноември изнесува 77.396,00 денари.
Споредено со
вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година која
изнесува 61.249,00 денари е зголемена за 772,00 денари.
Од податоците на
вредноста на Синдикалната минимална кошница евидентно е дека некој се богати на
грбот на граѓаните и работниците, а не ги почитува мерките на Владата кои се
креираат за да се помогне на граѓаните со ниски примања, велат од ССМ.
Трговците, како
што се посочува во соопштението од ССМ, покажуваат дека немаат општествена
одговорност ниту почит кон Владата, ако имаме во предвид дека вредноста на
Синдикалната минимална кошница во делот за храна и пијалоци, ден по завршување
на мерката на Владата повторно е зголемен за 609 денари, а вкупната Синдикална
минимална кошница за 772 денари и истата е со вредност 62.021,00 денари.
Трговците ја
искористија најавата за предходната мерка од Владата и ги зголемија неоправдано
цените во месец септември со што вредноста на делот за храна и пијалоци се
зголеми за 717 денари, со мерката имаше намалување од 965 денари, а денеска
повторно зголемување од 609 денари со што се осиромашуваат работниците и
граѓаните, велат од ССМ.
Оттаму посочуваат
дека вредноста на синдикалната минимална кошничка за ноември 2024 година која
изнесува 62.021 денари, споредена со Синдикалната минимална кошница од јануари
2024 година (57.163,00) е зголемена за 4.858,00 денари односно за 8,5 отсто. Додека
кај храната и пијалоци СМК за ноември изнесува 22.678,00 денари споредена со
јануари 2024 година (21.007,00 денари) зголемена е за 1.671,00 денари односно
за 7,9 отсто.
Од ССМ велат дека
разговараат со Министерството за економија и труд по однос на креирањето на
идните мерки но потребно е трговците или да покажат општествена одговорност или
Владата при креирањето на новите мерки да биде ригорозна во постапувањето на
ваквите нефер трговски практики и да казнува.