И покрај огромните приходи, даноците на богатите паднаа на „историски ниски нивоа“, наведува Оксфам, невладина организација која беше создадена во 1942 година и оттогаш се бори против глобалната сиромаштија и стана позната по своите обемни извештаи во кои се документира продлабочување на јазот меѓу богатите и сиромашните во светот.
Во новиот извештај, Оксфам предупредува на „непристојни нивоа“ на нееднаквост во светот каде што најбогатите 1% земаат сè, додека остатокот од 99% од човештвото добива „само трошки“.
Сепак, некои земји се обидуваат да направат нешто во врска со тоа.
Така, Бразил ја направи меѓународната соработка за оданочувањето на супербогатите приоритет на своето претседавање со групата земји Г20 кои претставуваат 80% од светскиот БДП.
На самитот оваа недела во Рио де Жанеиро, министрите за финансии на Г-20 се очекува да постигнат напредок за начините за зголемување на давачките за ултрабогатите и да ги спречат милијардерите да ги избегнуваат даночните системи.
Иницијативата вклучува утврдување методологии за оданочување на милијардери и други лица со високи примања.
Предлогот се очекува да биде жестока дебата на самитот во четврток и петок, при што веќе се знае дека се за Франција, Шпанија, Јужна Африка, Колумбија и Африканската унија, но САД, очекувано, силно против.
Оксфам го нарече предлогот „вистински лакмус тест за земјите од Г20“, повикувајќи ги да спроведат годишен данок на нето богатство од најмалку 8% за „екстремното богатство“ на супербогатите.
„Моментот за зголемување на даноците за супербогатите е непобитен“, рече Макс Лосон од Oxfam International.
„Дали Г-20 имаат политичка волја да воспостават глобален стандард што ги става потребите на мнозинството пред алчноста на малкумината елита?“
Оксфам наведува дека бројката од 42 трилиони долари е речиси 36 пати повеќе од богатството акумулирано од посиромашната половина од светското население.
И покрај ова, милијардерите ширум светот „плаќаат помалку од 0,5% од своето богатство во даноци“, се вели во извештајот.
Речиси четири од пет светски милијардери доаѓаат од групата Г20.
Што се однесува до бразилската иницијатива, таа е за пофалба, но имаше многу слични иницијативи и ниту една не беше успешна на крајот, односно се остана „како порано“ - богатите стануваат се побогати, а сиромашните стануваат посиромашни.
Извори: <a href="https://www.business-standard.com/world-news/world-s-top-1-gained-42-trillion-in-a-decade-taxes-at-record-lows-oxfam-124072500348_1.html">Бизнис стандард</a>, <a href="https://www.oxfam.org/en/press-releases/top-1-percent-bags-over-40-trillion-new-wealth-during-past-decade-taxes-rich-reach">Оксфам</a>, <a href="https://www.france24.com/en/live-news/20240725-world-s-richest-1-gained-40-tn-in-a-decade-oxfam">Франс24</a>