До 2025 година се планира да се намалат административните такси за издавање зелен картон и да се овозможи да важи осигурувањето од автоодговорност врз основа на регистарски таблички издадени во земји потписнички на Мултилатералниот договор.
Секретаријатот на <a href="https://cefta.int/news/cefta-recommends-steps-to-simplify-motor-third-party-liability-insurance/">ЦЕФТА</a> одговори на неодамнешното медиумско покривање во врска со осигурувањето од автоодговорност (MTPL) и зелениот картон, давајќи ѝ на јавноста подетални информации за планираните реформи.
Во соопштението се посочува дека на 9 октомври 2024 година, Мешовитиот комитет на ЦЕФТА ја усвои Препораката 1/2024 со која се предлагаат конкретни чекори за подобрување на системот на осигурување во регионот.
Целта на реформите е да се постигне поедноставен и поефикасен систем на осигурување, со акцент на намалување на административните пречки и подобрување на процедурите за патување на пазарот на ЦЕФТА. Според планот, возачите од една од земјите потписнички на ЦЕФТА договорот ќе можат да патуваат во други земји на овој договор од октомври 2026 година без потреба од зелен картон или слични документи кои моментално потврдуваат осигурување од автоодговорност.
До 2025 година се планира да се намалат административните такси за издавање зелен картон и да се овозможи да важи осигурувањето од автоодговорност врз основа на регистарски таблички издадени во земји потписнички на Мултилатералниот договор.
Дополнително, Мешовитиот комитет на ЦЕФТА ги повика сите страни да ја забрзаат дигитализацијата на документите за осигурување и да иницираат електронска размена на тие документи. Оваа дигитална транзиција, како што се наведува, треба да ја елиминира потребата од физички хартиени документи при патување во рамките на ЦЕФТА регионот, што дополнително ќе ја поедностави процедурата и ќе ги намали административните трошоци.
Реформите се дел од Акцискиот план за воспоставување на Заедничкиот регионален пазар и приоритетите на Претседателството со ЦЕФТА за 2024 година и се очекува да имаат значително влијание врз подобрувањето на мобилноста и намалувањето на бирократијата меѓу земјите-членки.
Сепак до 2026 година зелениот картон останува задолжителен.
<a href="https://cefta.int/news/cefta-recommends-steps-to-simplify-motor-third-party-liability-insurance/">ЦЕФТА</a>, договор за слободна трговија што ги опфаќа економиите од Западен Балкан и Молдавија, продолжува да ја поддржува регионалната интеграција и соработка.