Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска изврши увид во градежните активности на планинарскиот дом Копанки, кој влегува во завршна фаза на обновување.
Во придружба на секретарот, директорот на ЕСМ Молика и претседателот на ПСК Пелистер, тој истакна дека тековните активности, како поставувањето на покривот и градењето на калканите, се одвиваат според планираниот рок.
Објектот, кој има особено значење за битолчани, се очекува целосно да биде завршен и подготвен за употреба до крајот на идното лето.
„Битола се гради повеќе од кога било, а Копанки повторно ќе биде бисер на планината за сите генерации,“ изјави Коњановски.