Николас Овојеми, кој живее во Стејтен Ајленд, Њујорк, ја тужел „Ер Франс“ и побара отштета од 600.000 долари затоа што летот му бил одложен и тој не можел да стигне до погребот на својот брат во Нигерија.
Како што е наведено во судските документи на Врховниот суд на Стејтен Ајленд, Овојеми тврди дека доцнењето на летот на оваа авиокомпанија му предизвикало значителен „емоционален и финансиски стрес“, пишува New York Post.
Тој требало да лета на 20 септември од аеродромот Џон Кенеди во Њујорк до аеродромот Шарл де Гол во Париз, од каде што требало да продолжи за Лагос, Нигерија.
Сепак, летот за Лагос бил одложен, поради што тој и неговиот придружник биле принудени да преноќат во блискиот хотел, правејќи дополнителни и неочекувани трошоци.
Овојеми во Лагос пристигнал на 21 септември во еден часот по полноќ, наместо во 21.40 часот претходниот ден.
Иако можел да присуствува на погребот на својот брат, Овојеми рече дека проблемите продолжиле и при неговото враќање во Њујорк, кога неговиот лет биле одложен повеќе од пет часа, а Ер Франс го префрлил на лет на „Делта ерлајнс“ каде што не бил регистриран како патник.
„Поради лоша здравствена состојба, вклучително и проблеми со срцето, претрпев тага, непријатност и влошување на здравјето додека бев на аеродромот во Париз“, наведува Овојеми во тужбата, додавајќи дека тој постојано морал да пешачи долги растојанија меѓу терминалите.
Тој исто така истакнува дека авиокомпанијата го изгубила неговиот багаж и тој го добил само три недели подоцна, што ја влошило ситуацијата.
Ер Франс не ги коментираше наводите.
Фото: Шутер