„Утрово кога одев со колеги им објаснував за какво промашување на проектот автопатот Скопје-Блаце се работи. Целосно промашување на проект. Тоа е проект кој започнува и завршува никаде. Затоа што идејата била да почне од границата, но вие кога ќе видите, но во суштина тоа што треба да биде автопат од македонска страна не се спојува со автопатот на косовска страна. Тој оди источно од постојниот граничен премин и автопат од косовска страна. Тоа е првиот проблем, а вториот е што тие два километри завршуваат во еден дол од 50 метри, и тоа е крајот на тие два километри, и не поврзува ништо со ништо. Главниот проблем е што трипати е менуван проектот за трасата. Ова е трета траса по која се работи. Јас извадив во јавноста, документи кои ги има издадено техничката асистенција за изградба на овој автопат, бидејќи тука се користат пари од Европската Банка. Техничка асистенција е СУЕС, фирма која го изградила Суетцскиот канал. Многу јасно пишува дека заради промената на трасата се случуваат два проблеми“ изјави Николоски гостувајќи во Топ тема на <a href="https://telma.com.mk/2024/11/18/viczepremierot-nikoloski-vo-top-tema-avtopatot-skopje-blacze-e-czelosno-promashen-proekt-rabotime-na-dva-paralelni-pata/">Телма</a>
Првиот дека што вредноста на договорот потенцијално расте од 2 милиони на 240 милиони евра со можност да оди уште 20 проценти нагоре, накај 290 до 300 милиони евра. Што е далеку од тоа што е проектиран буџет. И второ во однос на тунелите, истите не се проектирани согласно европските стандарди, и истите не можат да се изведат на начин на којшто биле проектирани. И сега јас имав избор да влезам во проект и година две да изгледам фино затоа што, и ќе велев нели еве почна да се работи, и после година две да имавме Охрид-Кичево, или пак имав избор да ги земам работите како што јас мислев дека е правилно од почеток, да се решат проблемите па потоа да одиме со изградба на оваа делница. Тука не сакам и да зборувам за потенцијалниот криминал за промена на земјиште кое го презентиравме на пратеничко прашање во собранието, а тоа мислам и дека зажалија од ДУИ што го поставија тоа прашање. Состојбата е таква каква што е.
„Решението е што направивме договор со Европската банка за обнова и развој, да одиме по две паралелни патишта со цел да не губиме време. Првиот е да заврши процесот на кфалификација согласно правилата на банката, и ние некаде март-април, би имале точна проценка колку ќе чини проектот. Па доколку она што го кажува техничкиот консултант се потврди, а јас мислам дека ќе се потврди, тогаш дефинитивно да се откажеме од понудената траса. Паралелно за да не губиме време, веќе три недели има работна група на ниво на Јавно претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој којашто црта нова траса. И да кажам една работа која не е позната во јавноста. Прв пат ја кажувам во јавноста. Ме информираа од компанијата Бехтел и Енка, не целиот конзорциум туку само компанијата дека кога го граделе автопатот од косовската страна и стигнале практично до граница, и понудиле на македонската Влада, во тој момент за жал Владата немала доволно средства да го изградат автопатот, односно да продолжат да градат од границата кон Скопје, тогашната цена којашто ја понудиле била 100 милиони евра. Да ставиме еве дека имаше многу сериозна инфлација во тој период. Доаѓаме до вредност од 100 до 150 милиони евра колку што е проектирано од страна на Европската банка за обнова и развој, но од 170 на 300 верувајте никој не е наивен. Денеска кога му го кажав ова на премиерот на Косово тој се шокираше“ рече Николоски.
„Само да видиме дали тоа што го кажува техничкиот консултант нас ќе ни се потврди. Затоа што во моментот веќе има пре-кфалификација. Банките не работат на класични тендери како што се работи во класични јавни набавки. Има преткфалификација, кфалификација и избор на изведувач. Веќе има преткфалификација и во март-април, оние кои ќе ја поминат преткфалификацијата, ќе ги дадат понудите, и ние дај боже ако добиеме понуди кои ќе бидат 150,160, 170 нормално дека ќе влеземе во реализација“ додаде Николоски.
„Јас ја прифатив идејата на банката. Дајте се што пишува на хартија од страна на техничката асистенција, ние да го провериме во пракса. Јас реков во ред еве да го провериме. И мислам дека тоа што го напишале во техничката асистенција дека ќе се потврди. Доколку се потврди за да не почнуваме во април од почеток, да го губиме времето. Пред три недели почнавме да работиме на паралелна реална траса. Што значи дека идејата во април месец да направиме само измена како во во штафета на траса која е реална и која е далеку поефтина доколку се потврди дека е ова траса како што претпоставуваме. Значи граѓаните нема да изгубат ниеден ден. Што по мене е многу фер пристап. Значи ние од 170 милиони евра не мрдаме“ потенцираше Николовски.
„Доколку добиеме понуда до 172 милиони евра ние одиме, но доколку добиеме понуди кои се 250 или 300 не одиме, и ќе одиме со траса кое ќе се влопи во 172 милиони“ вели Николоски.
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Топ Тема на ТВ Телма истакна дека за брзо време ќе се избере трасата по која ќе се гради брзата пруга<span> </span>на Коридор 10.
“Имаме три варијанти за брзата пруга. Во наредиов месец дена треба да пресечеме која варијатна ќе ја избереме. Едната е по Вардарската долина по постојната пруга, втората е малку источно од Вардарска долина над постојниот автопат, значи се качува над Вардар и третата варијатана е таа од 1978 година, проект од време на претходната држава со проектирана брзина од 250 км на час која оди Табановце, Куманово со триаголник до аеродром и Скопје, потоа до Штип, Струмица, Гевгелија и Солун. Цената за изградба е индикативна бидејќи кога ќе имаме проект ќе имаме и цена, односно за брза пруга со две линии е некаде околу 10 милиони евра по километар, што значи ако Македонија треба да изгради меѓу 210 до 225 километри брза пруга тоа би било некаде околу 2 милијарди евра инвестиција”- истакна министерот Николоски.