Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Вучиќ: Не е фер што годинава работев три дена помалку од лани, а сега имам поголема плата

5 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тој за Радио телевизија Србија (РТС) изјави дека до Нова година „ќе се обиде да надополни еден работен ден“, пренесе Бета.

- Работев понапорно минатата година. Ќе се принудам да работам многу повеќе, да се борам многу посилно и да го протуркам тој Експо (2027), рече Вучиќ.

На прашањето што мисли за апелот на Комитетот за заштита на новинарите од Њујорк, кој побара од властите во Белград итно да преземат ефективни чекори за да се осигура безбедноста на новинарите кои известуваат од протестите во Србија, Вучиќ рече дека тој потег го гледа како вршење притисок врз слободните земји.

Според него, таа невладина организација е финансирана од американската влада и тие не се објективни бидејќи не ги осудија нападите врз новинарите на Информер бидејќи не ги застапуваат американските интереси.

Тој додаде дека се надева оти ќе биде подобро кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ