Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Во Белград тридневен прекин на работата на адвокатите поради измена на Кривичниот законик

2 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Адвокатската комора на Белград (АКБ) одлучи од денеска до 4 декември, нивните членови да ја прекинат работата, „поради донесување и начинот на донесување“ на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на последната седница на српскиот Парламент, јави Бета.

„За време на прекинот на работата, адвокатите, членовите на АКБ нема да постапуваат пред судовите и другите државни органи во Србија, освен во постапките во кои на тој ден се одлучува за притвор на граѓани, во притворски случаи и во постапки против малолетни сторители на кривични дела“, пишува на веб-страницата на АБК.

За таквата одлука била информирана Адвокатската комора на Србија како и судските институции./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ