Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Романија и Бугарија треба да бидат полноправни членки на Шенген од 1 јануари 2025 година

19 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Романскиот премиер, Марсел Чолаку изјави дека Романија ќе стане полноправна членка на Шенген зоната во јануари 2025 година, а истото треба да важи и за Бугарија.

Двете земји станаа членки на Шенген зоната за воздушно и поморско патување во март 2024 година, по делумен договор со Австрија. Имено, Австрија првично се спротивстави на приемот на Романија и Бугарија во Шенген зоната, велејќи дека бројот на миграции е се уште превисок и дека споменатите земји треба да направат повеќе за да ги запрат мигрантите.

Преговорите за влез во Шенген зоната и за копнено патување продолжија во 2024 година.

В петок, Унгарија ќе биде домаќин на состанок на министрите за внатрешни работи на Австрија, Романија и Бугарија, соопштија овој месец од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Романскиот премиер, Чиолаку го нарече состанокот во петокот „многу важен“. Тогаш министрите за внатрешни работи на трите земји треба да постигнат конечен договор.

Чолаку рече дека договорот ќе треба да го одобри и холандскиот парламент, кој се спротивстави на влезот на Бугарија во Шенген зоната.

-Но, ние веќе имаме договорен календар. Тоа ќе се случи на 1 јануари 2025 година. Оние кои ќе дојдат дома за празниците, тогаш ќе можат многу полесно да си заминат, рече романскиот премиер.

Чолаку не ја спомена Бугарија, но во пакетот се разговараше за влез на двете земји во Шенген зоната.

Европската комисија соопшти дека деталната истрага покажала оти двете земји ги исполнуваат сите барања на Шенген зоната.

Романското Министерство за финансии процени дека влезот во Шенген зоната ќе додаде половина процентен поен на годишниот економски раст на Романија./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ