Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Озборн: Има напредок во преговорите со Грција за Мермерите од Партенон

5 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Се стремиме да видиме дали можеме да направиме некаква регулација за во одреден момент некои од скулптурите (на Партенон) да се најдат во Атина, каде што секако беше нивната почетна локација. За возврат, Грција ќе ни позајми дел од нејзините (археолошки) богатства, рекол претседателот на Британскиот музеј Џорџ Озборн, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Озборн, говорејќи за неделниот поткаст „Political Currency“ се осврнал на грчкото барање за враќање на Мермерите од Партенон и рекол дека е постигнат голем напредок во преговорите, но истакнал дека сè уште се далеку од „како било договор“.

Како што пренесе АНА-МПА, претседателот на музејот коментирал дека моментално е во Њујорк и на шега рекол „ако бевме блиску до склучување договор со Грција“, дека ќе бил во Лондон.

Дополнително потсетил дека ако дури и да сака музејот да ги врати скулптурите, ќе мора да го промени законот од 1963 година со кој се забранува трајно отстранување на неговите експонати, но и објаснил дека имаат можност да позајмуваат предмети“.

Паралелно, се осврнал и на различниот став на актуелната британска Влада за конкретното прашање.

-Стармер рече дека прашање е во надлежност на Британскиот музеј да одлучува независно од владата. Ставот е многу различен од оној на Сунак, кој одби да се види со грчкиот премиер, рекол претседателот на Британскиот музеј.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ