Поранешниот
албански претседател и лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета,
реагираше од притворската ќелија од затворот „313“ во Тирана, во врска со
синоќешниот протест на опозицијата, со блокада на 6 главни национални патни
правци.
Во објава на
Фејсбук, на која има и фотографии со моменти од протестот, Мета им се
заблагодари на учесниците на митингот наведувајќи дека „Албанците храбро
застанале да ја земат судбината на Албанија во свои раце“.
-Срдечна
благодарност и признание до стотиците илјади патриотски Албанци ширум земјата
кои застанаа со храброст и силно патриотско и национално чувство, во
неотповиклива пресметка со нарко-државата, да ја земат судбината на Албанија во
свои раце. Нема сила во светот да го запре ураганот на слободата!“, пишува
Мета.
Доцна синоќа
благодарност упати и Фљамур Нока, генерален секретар на Демократската партија.
-Ги преплашивме!
Денеска беше црн ден за нарко режимот! Внесоа нарко полиција за да ја заплашат
опозицијата. Граѓанската непослушност почна да вродува со плод. Граѓанската
непослушност ќе им даде решенија на Албанија и Албанците, наведува тој.
Според него
„техничката влада е единственото решение за Албанија и Албанците“.
-Граѓанската
непослушност ќе продолжи. Нема враќање назад, издржливоста и отпорот ќе ги
дадат своите плодови, порача Нока.
Опозицијата од 17
до 20 часот ги блокираа патиштата, на неколку места имаше судир меѓу полицијата
и учесниците, беа запалени гуми и контејнери за отпад.