Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Грција зафатена од 24-часовен штрајк поради инфлацијата и барањата за повисоки плати

20 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Синдикатите бараат итна акција за справување со инфлацијата, платите што стагнираат и несоодветните социјални бенефиции.

Училиштата, градинките и владините канцеларии се целосно затворени, додека државните болници ќе работат со итните служби, пренесе германската агенција.

И покрај прекините, многу сектори ќе продолжат со нормална работа: супермаркетите, киосците и таверните остануваат отворени, а повеќето самовработени луѓе, вклучително и таксистите, работат како и обично.

Главните поплаки на синдикатите се повеќегодишните поскапувања без зголемување на платите.

Претставниците на јавниот сектор бараат зголемување на платите за 10 отсто и враќање на 13 и 14 плата, што беа намалени.

Лидерите на синдикатот ја обвинија владата на премиерот Киријакос Мицотакис дека не успеала да се справи со инфлацијата и зголемените трошоци за живот.

-Трошоците за живот се многу високи и нашите плати се на пониско ниво, додека високите трошоци за домување ги ставија младите во трагична положба, рече Јанис Панагопулос, водач на главниот синдикат на приватниот сектор, ГСЕЕ.

Како и другите работнички групи, ГСЕЕ ја обвини владата дека „одбила да преземе какви било значајни мерки за да обезбеди пристојни услови за живот на работниците“, пишува Гардијан.

Минималната плата во Грција е 900 евра, додека цените на мало, телекомуникациите и енергијата во земјата се меѓу највисоките во Европа, а левичарската опозиција тврди дека граѓаните плаќаат „британски цени за бугарските плати“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ