Едно лице загина
во тежок судар што се случи утринава на стариот пат меѓу Нови Сад и Инџија,
пред кривината кон Марадик.
Според
информациите на „Блиц“, младиот човек (18) возел пребрзо и претекнувал возила,
а возачот на автобусот извртел за да го избегне.
Во тешката
сообраќајната несреќа што се случи утринава на лице место им била укажана помош
на дури 27 повредени лица, а четири лица се здобиле со тешки телесни повреди,
соопшти Здравствениот дом во Инџија.
Како што велат за
„Блиц“, ова не е конечната бројка на повредени.
- Десет лица се
пренесени во Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, седум во болницата во
Сремска Митровица и две во Белград во ВМА, дијагностиката е во тек. Ова не е
конечната бројка на повредени, бидејќи граѓани кои се нашле на лице место ги
превезувале луѓето до Итната помош во Бешко и Инџија. Наскоро ќе ја знаеме
конечната бројка на повредени - соопштија од Здравствениот дом.
Двете возила од
силината на ударот завршиле во ендек, а младиот човек кој го управувал
патничкото возило загинал. Како што можете да видите на видеата од социјалните
мрежи, патничкиот автобус се превртел во ендек, а делови од возилото биле
расфрлани по целиот пат.