Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Ања е петнаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад,кошаркарскиот клуб емотивно се прости од неа

18 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Таа почина вчера во КБЦ Војводина по 17 дена борба, а кошаркарскиот клуб во кој тренираше, на социјалните мрежи објави емотивно видео кое покажува каква личност била таа.

„Вака беше пред една година на отворањето на женската кадетска лига на Србија. Женскиот кошаркарски клуб Параќин во првото коло пред полни трибини ја пречека екипата на Црвена звезда. Иако загубија, овој натпревар остана запаметен по борбата и желбата за игра и докажување, во што успеавме. Натпреварот заврши со резултат 42:79 во корист на гостите (6:12, 14:16, 11:24). играчи, Ања Радоњиќ со 15 (4 асистенции), Милена Вучковиќ со 10 (13 скокови) и Јелена Радојковиќ со 9 поени (3 скока, 2 асистенции)“, го опишува видеото од 2016 година на кое се гледа жртвата А.Р., пишува Мондо.

За потсетување, при падот на настрешницата на зградата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември на лице место загинаа 14 лица, додека три лица беа тешко повредени. Меѓу загинатите беше и Македонецот, Васко Саздовски. Во неделата на 17 ноември, за жал, почина една од тројцата тешко повредени, со што бројот на жртвите се искачува на 15.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ