Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Во Париз се доделува „Златната топка“ – прв фаворит е Винисиус!

28 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На церемонијата во Париз вечерва (20:45 часот) ќе биде доделена „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот во избор на престижниот „Франс фудбал“. Прв пат по 2003 година меѓу номинираните ќе ги нема Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а фаворит за освојување на ова признание е фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус.
Бразилецот минатата сезона со Реал ја освои Ла Лига, ЛШ и Суперкупот на Шпанија. Постигна 28 голови и 13 асистенции.
Во случај Винисиус да слави, тој ќе биде првиот Бразилец по 17 години кој ја освоил „Златната топка“, а последен кој тоа го направил бил Кака.
На истата церемонија ќе се доделува и „Златна топка“ за најдобра фудбалерка, но и награди за најдобар голман, најдобар млад играч и најдобар стрелец, потоа за најдобар тренер и најдобар клуб во машка и женска категорија, како и наградата „Сократес“ за хуманитарно залагање.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ