Иднината на крилниот напаѓач Лерој Сане во Баерн (М) останува под знак прашалник, бидејќи актуелниот договор му завршува на крајот на сезоната.
Според новинарот на германскиот Скај, Флоријан Плетенберг, Сане и Баерн Минхен се оптимисти за новиот договор, но има некои работи кои мора да бидат исполнети. Во прв ред, за да потпише нов договор, Сане ќе мора да прифати кратење на платата од околу 2-4 милиони евра годишно.
Според актуелниот договор Сане може да заработи и до 20 милиони евра во идеална сезона, што за Баерн е премногу за нова соработка.