Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Промена во распоредот во шпанскиот Суперкуп

13 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во јануари на програмата е шпанскиот Суперкуп, чиј домаќин е повторно Џеда, а учествуваат четирите најдобри екипи од минатата сезона.

Како што е познато, во новиот формат на Суперкупот веќе пет години учествуваат двете најдобри екипи од Ла Лига и финалистите на Купот на Кралот, а тоа се Реал Мадрид, Барселона, односно Мајорка и Атлетик Билбао. .

Денеска беше потврдено дека има промена на распоредот, двата полуфинални натпревари закажани за 8 и 9 јануари.

Први на терен ќе излезат Барселона и Атлетик Билбао (8 јануари), а ден подоцна следуваат Реал Мадрид и Мајорка.

Финалето е закажано за 12 јануари. Да потсетиме, Барса и Реал се сретнаа во последните две финалиња, Каталонците победија во 2023 година со резултат 3:1, а Мадрид во јануари 2024 година со резултат 4:1.

Откако игра во овој формат со по четири учесници, Реал Мадрид има три трофеи, Атлетик Билбао и Барселона по еден.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ