Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Ова е реакцијата на Модриќ по дебаклот од Барса…

28 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во саботата на “Сантијаго Бернабеу“ домашниот состав на Реал Мадрид доживе невидена бламажа, катастрофа. Барселона со епски триумф од 0:4 просто ги збриша ѕвездите на Реал. По мечот немаше никаква реакција од “кралевите“ се разбира ако не се смета изјавата на пресот по мечот од страна на тренерот Карло Анчелоти.

Дури 24 часа подоцна, поточно синоќа, во јавноста на Инстаграм се огласи Лука Модриќ, капитенот на Реал Мадрид кој за својот пост за неколку часови доби милион лајкови:

Време е да се дигне главата, да се извлече поука, да се продолжи со работа, и да се турка кон напред. Имам голема доверба во овој тим. Одиме Реал Мадрид“ напиша легендарниот Хрват.

Јасно е дека по таа катастрофа ситуацијата во Реал Мадрид не е сјајна, но сепак тоа е најголемиот клуб во светот и ќе знае да се “извади“.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ