Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Некогашната ѕвезда на Челзи се врати дома и потпиша за Сао Паоло

25 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поранешниот фудбалер на Челзи, Бразилецот Оскар го напушти кинескиот шампионат и кариерата ќе ја продолжи во својата татковина. Сао Паоло утрово го објави договор со 33-годишниот играч од средниот ред. Договорот важи до крајот на 2027 година.

Оскар е дете на Сао Паоло и се враќа во тимот кој го напушти во 2010 година. Оскар подоцна играше за Челзи и Шангај Порт. За репрезентацијата на Бразил одигра 48 натпревари.

Во последното кинеско првенство, играчот од средниот ред постигна 14 гола и направи 20 асистенции (најмногу во лигата) на 29 натпревари.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ