Поранешниот шампион на УФЦ, Конор Мек Грегор, е прогласен за виновен за сексуален напад на жена во хотел во Даблин во 2018 година и ќе мора да плати отштета од 150.000 фунти.
Случајот, кој беше сослушан во граѓанскиот суд, се однесува на тврдењата на Никита Ханд дека Мек Грегор сексуално ја нападнал во пентхаусот на хотелот Бикон во јужен Даблин во декември 2018 година. Мек Грегор тврдеше за време на судењето дека врската била консензуална.
Во тужбата се вклучи и Џејмс Лоренс, кој беше ослободен во оваа постапка.
Судењето траеше осум дена, при што беа изведувани докази, додека завршните зборови траеја три дена. Поротата составена од осум жени го прогласи Мекгрегор за виновен.
На изрекувањето на пресудата во петокот, Мек Грегор се појави во судницата придружуван од неговото семејство - партнерката Ди Девлин, родителите, сестрата и деверот.