Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Инзаги по епските 4:4 со Јуве: Можевме да им дадеме 8-9 голови!

28 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Интер и Јуве вчера во “Дербито на Италија“ не одиграа италијански, туку на гол повеќе. Секако дека ова беше меч на годината, тие епски 4:4 засекогаш ќе се паметат.

Интер може да жали, имаше 4:2, имаше безброј шанси и место да го “нокаутира“ големиот ривал, дозволи два кикса и на крајот мораше да се задоволи со бод.

По мечот секако дека Симоне Инзаги, тренерот на Интер беше незадоволен:

Како тренер на 11 досегашни средби никогаш не ми се случило мојот тим да може на Јуве да му даде на една средба 8-9 голови, ете толку шанси имавме, а ние постигнавме четири и пак не победивме. Разочарани сме, мора да анализираме каде грешевме и одиме напред. Јасно е дека неутралните уживаа на ова дерби“ посочи покрај другото стратегот на шампионот на Италија.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ