Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Индија се подготвува за „Месиманија“

22 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По првпат во историјата репрезентациите на Аргентина и Индија ќе се сретнат во официјален фудбалски натпревар. Фудбалерите предводени од Лео Меси по вторпат ќе отпатуваат во државата со најголема популација во целиот свет.

Оваа информација ја подели главниот министер на индиската држава Керала, Пинараџи Виџајан. „Керала ќе влезе во историјата бидејќи следната година се очекува да ни гостува светскиот шампион Аргентина. Овој сон ќе стане реалност благодарение на напорите на државната влада и поддршката од Аргентинската фудбалска асоцијација. Се подготвуваме да ги пречекаме шампионите и да ја славиме нашата љубов кон фудбалот“, изјави Виџајан.

Последен пат репрезентацијата на Аргентина одигра натпревар во Индија во 2011 година, каде се одржа пријателски натпревар против репрезентацијата на Венецуела, кој заврши 0:0.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ