Репрезентацијата на Шпанија во следните неколку дена на својата агенда ги има двата меча од Лигата на Нации. Најпрво гостува во Данска, а потоа на свој терен ја пречекува селекцијата на Швајцарија.
Шпанците по овој повод се надеваа на најсилниот состав секако но ќе мора на тоа да почекаат некој друг термин. Имено, на повреда се пожали, и откажа настап Пау Торес, стоперот на Астон Вила кој периодов игра во одлична форма.
На конто на тоа, дополнителен повик доби Пау Кубарси, дефанзивецот на Барселона, кој исто така периодов, со оглед на топ формата на неговиот тим, е во фаза во која заслужува репрезентативен повик.
За Кубарси ова нема да биде деби за А националниот тим на Шпанија, затоа што досега три пати доби шанса да игра во тимот на најдобрите.