Луис де ла Фуенте, човекот кој ја однесе Шпанија на врвот на Европа, е прогласен за најдобар селектор во 2024 година од страна на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).
Според резултатите од гласањето, 63-годишниот шпански стратег доби 274 поени и сосема заслужено го освои првото место пред селекторот на Аргентина, Лионел Скалони (148) и Дидие Дешам, селекторот на Франција (35).
Под водство на Де ла Фуенте, репрезентацијата на Шпанија со сите седум победи годинава го освои Европското првенство во Германија.