Чаби Алонсо веќе е извесно дека на крајот на сезоната ќе го напушти Баер Леверкузен. Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул и Реал Мадрид е еден од најпочитуваните млади тренери откако минатата година ја предводеше германската екипа до сезона без пораз во домашното првенство.
Актуелниот договор со шампионот во Бундеслигата истекува во летото 2026 година, но според релевантни шпански извори, тој всушност веже ги известил челниците на клубот дека ќе си оди година порано. Алонсо минатата сезона беше силно поврзуван и со Ливерпул и со Реал Мадрид, па многу веројатно е тој веќе во јуни да се „нацрта“ на клупата на „кралевите“ од Мадрид.