Американскиот претседател Џо Бајден е снимен во неделата како се мачи и се сопнува додека шета по песок во близина на неговиот дом во Делавер, пишува Дејли мејл.
Неговата сопруга и прва дама Џил Бајден беше критикувана затоа што не му помогнала за време на прошетката на патеката Гордонс Понд на плажата Рехобот.
- Таа можеше да го фати за рака за безбедност. Тоа е навистина патетично, на Џил воопшто не и е грижа што во секој момент ќе падне - се дел од коментарите.
Други додадоа дека сите знаат дека е стар и му треба помош. Бајден најави дека во среда во Белата куќа ќе биде домаќин на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, што ќе биде нивна прва средба по дебатата во јуни, по што тој се откажа од трката.