Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Вулкан на Бали исфрли пепел на височина од 10 километри- откажани летови, евакуирани жители

13 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Авиокомпаниите Jetstar, Qantas, Air Asia и Virgin Australia ги откажаа летовите до и од Бали откако вулканска ерупција во близина на туристичкиот град во Индонезија создаде опасен облак од пепел, пренесува Reuters.

Најмалку девет лица загинаа на 3 ноември во првата ерупција на вулканот Лаки-лаки, на планината Левотоби во источна Индонезија, на околу 800 километри од Бали.

Оттогаш, вулканот еруптира неколку пати, вклучувајќи ја и вчерашната активност.

Од 4 до 12 ноември на Бали се откажани 80 летови, вклучувајќи ги и оние од Сингапур, Хонг Конг и неколку австралиски градови, изјави за Ројтерс генералниот директор на аеродромот на Бали.

Индонезија има близу 130 активни вулкани и се наоѓа на таканаречениот пацифички „огнен прстен“, област со висока сеизмичка активност на повеќе тектонски плочи.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ