Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Убиецот од божикниот базар во Германија мислел дека ќе загине, оставил тестамент во БМВ-то

24 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Инспекторите пронашле белешка во изнајменото БМВ со кое осомничениот Талеб А. влетал во посетителите на саемот.

Тоа значи дека убиецот веројатно претпоставил дека самиот ќе умре при својот брутален чин. Според Шпигел, тој во тестаментот напишал дека целото негово богатство по неговата смрт треба да биде дадено на германскиот Црвен крст.

Се додава дека документот наводно не содржел никакви политички изјави.

Во мај, Талеб на Икс напишал дека очекува да умре оваа година.

„Ќе ја обезбедам правдата по секоја цена“, напишал тој.

Се вели дека тој изнајмил црно БМВ девет дена пред бруталниот напад на саемот.

По кобното возење низ божиќниот базар, полицијата го приведе напаѓачот. Психијатарот од Бернбург сега е во затворот со максимална безбедност ЈВА Бург.

Таму Талеб постојано е следен од камери и мора да носи хартиена облека за да не се обеси во ќелијата.

По приемот во затворот, на психијатарот му бил извршен лекарски преглед за да се утврди неговата физичка состојба. Нему му биле поставувани прашања и за употребата на лекови и дрога.

Засега тој е изолиран од другите затвореници и му е дозволен само контакт со неговите адвокати.

Да потсетиме, во бруталниот напад на божиќниот панаѓур во петокот вечерта загинаа пет лица - едно дете (9) и четири жени.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ