Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Турските аеродроми под зголемена готовност по вчерашниот напад во Анкара

24 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По вчерашниот терористички напад врз националната воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во предградие на Анкара, Кахраманказан, каде загинаа пет лица, сите аеродроми во земјата се ставени во „портокалов“ режим на готовност.

Безбедносните служби на аеродромите се информирани за одлуката, според која се зајакнати мерките за безбедност на аеродромите, поради потенцијални терористички напади.

Зголемени се мерките на влезовите и излезите од аеродромите „Сабиха Гокчен“ и „Истанбул“. Превозните средства што пристигнуваат и заминуваат се претресуваат, а се вршат и проверки на идентитетот на патниците, посочува телевизискиот канал.

Аеродромот „Сабиха Гокчен“ препорача на патниците да пристигнуваат најмалку три часа пред летот поради „можните доцнења кои може да произлезат од дополнителните мерки“.

Во нападот врз „ТУСАШ“, покрај петте жртви, ранети се 22 лица. Турските медиуми известуваат дека двајца напаѓачи, маж и жена, го извршиле нападот. Тие се качиле во такси, го убиле возачот и го ставиле телото во багажникот, а со возилото се доближиле до главниот влез на компанијата. Жената се разнела, додека другиот напаѓач продолжил со вооружен напад, стрелајќи по обезбедувањето и луѓето околу.

Министерот за внатрешни работи на Турција соопшти дека идентификуван е идентитетот на напаѓачите, кои биле членови на Курдаската работничка партија (ПКК).

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ