Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Централна Европа под вода – десетици загинати, илјадници евакуирани

16 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Бројот на жртви надмина 15, илјадници се евакуирани, a од час во час расте и бројот на исчезнати во најпогодените областите каде куќите се уриваат како кула од карти.

Најкритично е во Чешка, Австрија, Полска, Романија и Словачка, каде улиците се претворени во реки кои носат автомобили и дрвја, поплавени се илјадници домови.

Ова е катастрофа од големи размери. Сите соседи околу реката, вклучувајќи го и Катерники. Јас живеам од другата страна на Опава и тука сум безбеден. Ќе биде потребно време да се справат со последиците и ние ќе треба да им помогнеме. 

Граѓаните во страв и паника остануваат заглавени во напливот на вода, со кој едвај се борат и службите кои неуморно веќе со денови ги евакуираат со хеликоптери, чамци и јажиња.

Спасувавме луѓе кои беа два метри над нас, на покривот. Има и други луѓе кои се заглавени, но струјата е многу силна. Се обидуваме да се пробиеме, да најдеме алтернативен начин до нив, бидејќи струењето на водата е премногу силна за чамците.

Битката со надојдената вода не бира средства.. Во Чешка се собира песок и од игралишта каде се уште стојат детските играчки, се полнат вреќи како блокади за водата.

Покрај буката која ја создава водата, во Австрија често граѓаните се предупредуваат и од сирената за претпазливост која начесто се користи при воени напади.

Во Виена пак останаа заглавени 140 швајцарски туристи, поради надојдениот Дунав, бродот на кој пловеле не можел да се закотви, сликите покажуваат како патниците шетаат по палубата чекајќи помош.

Во Полска во последен момент беше извлечено семејство, меѓу кои 4 деца од поплавен автомобил.

Од европските лидери пристигнаа бројни пораки за поддршка за погодените земји. Со сочувство за жртвите се огласи и српскиот претседател Вучиќ преку платформата Х, на земјите кои се под удар од бурата им ја понуди сета неопходна  помош во справувањето.

Според прогнозите на УХМР, земјава останува надвор од дофатот на Бурата Борис, најавија врнежи во наредниве неколку дена, но тие ќе бидат вообичаени за есен. Од ЦУК пак апелираат одводните канали да бидат соодветно прочистени за да се избегне било какво поплавуање при посериозен дожд.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ