Иако за функцијата државен секретар во игра беа повеќе имиња, меѓу нив и на поранешниот амбасадор и шеф на националната безбедност Ричард Гренел, сепак, американските медиуми повикувајќи се на свои извори пренесуваат дека новоизбраниот претседател го одбрал Рубио. Сепак, за сега ниту тимот на Трамп, ниту на Рубио не го коментираат тоа официјално. Доколку пак, биде назначен, Рубио кој е син на кубански мигранти би станал првиот латино американец на функцијата државен секретар откако Трамп ќе ја преземе функцијата во јануари идната година. Дел од политичките аналитичари во САД, велат дека очекуваат неговото назначување во Конгресот да мине без проблеми,
-Претпоставувам дека Рубио лесно би можел да биде назначен од Сенатот? / Да, без сомнеж. Доколку беше Ричард Гренел, тоа би можело да биде потенцијален проблем за некои од републиканските сенатори. Со Рубио е поинаку, тој долго време е сенатор, има многу сојузници меѓу републиканските сенатори,- - Ману Раџу – Политички аналитичар.
-Тој е некој кој ја разбира надворешната политика и тоа ќе биде важно. Што се однесува до изборот, во споредба со останатите имиња кои се вртеа, луѓе кои немаат никакво искуство во надворешната политика, мислам дека ова е добар избор,- Адам Кинзингер – Политички аналитичар.
Рубио кој во моментот го служи својот трет мандат како сенатор, познат е по ставот за водење на агресивна надворешна политика, особено кон Кина, Иран и Куба. Рубио кој во сенатот гласаше против испраќање на помош за Украина, во текот на претседателската кампања во САД, ги повтори повиците на Трамп за ставање крај на војната во Украина.
-Во случајот со Украина, кој сака војна? Тој (Трамп) зборува дека сака да заврши војната. Како бизнисмен, нема да сака да ви ја каже неговата преговарачка тактика за да став крај на војната. Но, не разбирам зошто не би сакале таква војна да заврши. Секако, не треба да сте фанови на Владимир Путин за да сакате војната да заврши. / Мислам дека исто така треба да има и некаков здрав разум тука, а тоа е дека во моментов ние финансираме статус кво кој чини животи, и знаете за Украина, ќе треба 100 години за да се обнови таа сиромашна земја со се што се соочуваат,- Марко Рубио – Сенатор од Флорида.
Покрај Рубио, потенцијален нов советник за национална безбедност на Трамп се очекува да биде Мајкл Валц, актуелен републикански конгресмен и поранешен припадник на националната гарда, познат по своите критики кон НАТО, начинот на кој се води војната во Украина и острите ставови за Кина.