Тој синоќа го одржа својот прв митинг во Шарлот, Северна Каролина, откако Бајден се откажа од трката за нов претседателски мандат.
Трамп рече дека Бајден се откажал бидејќи губел според сите анкети и тврди дека демократските лидери му рекле да се откаже или во спротивно ќе се повика на 25-тиот амандман на Уставот на САД, кој се однесува на преземањето на функцијата во случај на смрт на претседателот, оставка или неможност да ги извршува своите должности.Тој додаде дека демократите направиле многу недемократски потег и го натерале да излезе.
„Сега имаме нова жртва за пораз: Камала Харис“, рече Трамп. Трамп ја опиша Харис како „ултралиберална движечка сила“ која треба да биде одговорна за имиграциската политика на администрацијата на Бајден.
„Таа е лудак од радикалната левица, кој ќе ја уништи нашата земја ако некогаш биде избрана. Ние нема да го дозволиме тоа“, рече Трамп во Северна Каролина, една од неколкуте држави кои се сметаат за клучни за победата на претседателските избори на 5 ноември.