Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Се огласи Штајнмаер- избори во Германија кон крајот на февруари

12 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека Штајнамер „го поздравува фактот што пратеничките групи го договорија патоказот за гласање доверба на владата на 16 декември и го смета 23 февруари следната година како реален датум за нови избори .

Се додава дека претседателот јасно ставил до знаење дека во случај Бундестагот да му изгласа недоверба на канцеларот Олаф Шолц, тој брзо ќе донесе одлука за распуштање на парламентот, пренесува Дојче веле.

Според германскиот закон, германскиот претседател има моќ да го распушти Бундестагот и да распише нови избори.

Претходно денеска Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Слободната демократска партија (ФДП) предложија 23 февруари за датум за предвремени парламентарни избори.

Минатата недела германскиот канцелар Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, што доведе до колапс на таканаречената „семафор коалиција“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ