Иранец, осуден за силување на голем број жени во последните две децении, е јавно погубен, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите објавија дека Мохамад Али Саламат е обесен откако Врховниот суд на Иран ја потврди смртната казна претходно во октомври. Егзекуцијата беше извршена вчера во зори на гробиштата Хамедан на западот од земјата.
Вкупно, околу 200 жени го обвинија Саламат, 43-годишниот кој водел аптека и теретана во Хамедан, за силување.
<b>Во Иран силувањето и прељубата се казнуваат со смрт</b>
Иранските медиуми пишуваат дека во многу случаи Саламат ги силувал своите жртви откако предложил брак или излегување со нив. На некои, наводно, им дал апчиња за абортус, кои се нелегални во Иран. Тој беше уапсен во јануари.
По апсењето, стотици луѓе се собраа во градското Министерство за правда, барајќи смртна казна за Саламат. Во последниве години во Иран се извршуваат сè повеќе егзекуции, што предизвика гнев кај групите за човекови права.
Силувањето и прељубата се злосторства казниви со смрт во Иран. Во 2005 година, Иран јавно обеси 24-годишен маж кој силувал и уби 20 деца. Во 1997 година, властите обесија 28-годишен маж за киднапирање, силување и убиство на девет девојки и жени во Техеран.