По изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, онлајн пребарувањата на Американците за миграција се зголемија за 1.514 проценти.
Американските корисници се свртеа кон европските земји за миграција по победата на Трамп, при што пребарувањата за патувања во Германија покажаа зголемување од 4.200 проценти.
Покрај тоа, земјите од англиско говорно подрачје се исто така барани, а се издвојуваат Обединетото Кралство и Ирска.
Имено, во текот на 24 часа (од 5 до 6 ноември) вкупниот обем на пребарувања на Американците за миграција и преместување во VisaGuide World е зголемен за 1.514 отсто, а Германија и Холандија се меѓу најбараните дестинации за преселување, пренесува Шенген Вести.
Во истиот период, вкупниот сообраќај за пребарувања поврзани со имиграцијата се зголеми за 338 отсто, бидејќи корисниците ги истражуваа најдобрите шенгенски земји во кои може да се преселат од САД.
<b>Најбараните европски дестинации од Американците</b>
Според податоците на Google Analytics, американските корисници барале бројни дестинации за преселување, а европските земји се најдоа на врвот на оваа листа. Најбарани се Ирска, Швајцарија, Германија, Холандија, Шпанија и Португалија.
Американците ги истражуваа овие дестинации од различни причини - некои беа многу достапни, други се издвојуваа по нивната топла клима, но што е најважно, сите овие земји претставуваат надеж за нов почеток за сите оние кои не го прифатија добро фактот дека Трамп е повторно претседател на САД.
Освен во европските земји, Американците се заинтересирани да се преселат и во други земји од англиското говорно подрачје како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Австралија.